„Омикрон сојот многу брзо се шири така што една личност во просек може да зарази шест до осум други лица“, вели директорот на Клиниката за заразни болести при Универзитетската болница Шарите во Берлин, инфектологот Андреј Трампуж.

„Омикронот се шири многу брзо, но маските целосно нè штитат, речиси 100 отсто, доколку ги носиме правилно и доколку носиме квалитетни маски. Тоа значи FFP2 маски, тие се близу кожата и воздухот циркулира само преку маската“, додал тој.

Трампуж наведува дека секогаш треба да носиме маски во затворени простории, а како симптоми кои не треба да ги игнорираме се потешкотии со дишењето, болка во градите, промена на бојата на кожата и потешкотии да останеме будни кои укажуваат на воспаление на белите дробови.

„Омикронот не промени ништо, тоа е истиот вирус само што побрзо се шири – затоа имаме повеќе пациенти“, наведува инфектологот.

Тој истакнува дека спречувањето на инфекција е многу подобро од третирање на болеста и тестирањето е важно за побрзо да се пронајдат нови евентуални варијанти. Вирусот е опасен само кога ќе дојдеме во прв контакт со него и немаме развиен имунитет, но со текот на времето Ковид-19 ќе стане сезонски вирус, смета Трампуж.

„Веројатно ќе биде потребна и четврта доза вакцина, мораме да постигнеме колективен имунитет и се надевам дека омикронот ќе биде последен сој на коронавирус“, навел тој.

Извор: Al Jazeera.net