Со најаеродинамична каросерија досега, EQXX со себе носи револуционерна батерија од следната генерација – со аноди од силициум
Сега за сега, ова е само прототип со лажни задни врати и седишта, но со автономија од 1000 километри според стандардот WLTP. Тајната е, пред сè, во најаеродинамичната каросерија на светот – коефициентот на отпор на воздухот е само 0,17! Претходниот рекорд го држеше друг Mercedes, EQS претставен минатата година, со коефициент 0,20.
Три десетинки можеби не изгледаат многу, но секоја десетинка помалку значи 2,5 проценти повеќе досег – вкупно 7,5 проценти или 58,5 километри во споредба со EQS (досег од 780 километри според WLTP).
Сепак, не е важен само коефициентот на отпор. Подеднакво важна за севкупниот отпор на воздух е и фронталната проекција, која во случајот на новиот EQXX е помала од 2,2 метри квадратни, што е помалку од Smart Fortwo (кај EQS е 2,5 метри).
Најинтересен дел од автомобилот сепак се батериите од нова генерација од 100 kWh. Повеќе од 200 ќелии во четири реда се сместени во куќиште од јаглеродни влакна и остаток од шеќерна трска, материјал кој Mercedes го користи и во Formula 1.
Изработени се во кинеската компанија CATL која рачно изработува и батерии за EQS бидејќи се уште нема технологија за изработка на батерии со анода од силициум.
Предност? Целата батерија заедно со инвертерот тежи 495 килограми, што е за 30 отсто помалку отколку кај Mercedes EQS.
Како резултат на тоа, тежината останала прилично воздржана за еден електричен седан – само 1.750 килограми, двесте помалку од EQA. Затоа не е чудно што потрошувачката според стандардот WLTP треба да биде под 10 kWh / 100 km.
Внатре, веднаш на прв поглед, привлекува 8К екранот широк 111 сантиметри (47.5 инчи). Она што е важно е дека не станува збор за три екрани под заедничкото стакло како во EQS, туку само еден со резолуција од 7680 x 660 пиксели.
Да, EQXX засега е само концепт, но дури и ако автомобилот кој Mercedes го нарекува најефикасен досега не стигне до салоните во неговата сегашна форма, можете да се обложите дека поголемиот дел од технологијата секако ќе најде примена.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли