Компанијата Sony го искористи годинашниот CES саем во Лас Вегас за да ги најави своите идни уреди.
Станува збор за Playstation VR2 хедсет, кој ќе се користи во комбинација со PlayStation 5 конзолата, но и со целосно новите PlayStation VR2 Sense контролери. За жал, објавен е само рендерот на контролорот, додека изгледот на хедсетот сè уште не е познат.
Сепак, Sony откри некои спецификации на уредот како 4K HDR OLED дисплеј со видно поле од 110 степени, стапка на освежување од 90 или 120 Hz и резолуција од 2.000 x 2.040 пиксели по екран. Слушалките ќе користат и нови сензори за следење на очите, како и 3D аудио и комплет интегрирани камери, а тоа ќе ја елиминира потребата од посебни камери и сензори.
Sony најави дека VR2 ќе ги следи очите на корисникот во реално време за да го обезбеди најдоброто можно искуство. Прилагодливите прекинувачи и хаптичкиот фидбек од VR2 Sense контролерот исто така дополнително ќе помогнат.
Поврзани артикли