Од 5-7 јануари 2022 година CES повторно се враќа во живо во Лас Вегас. CES 2022 ќе го прикаже новиот бран иновации што ќе ја обликуваат 2022 година и идната економија. На саемот изложуваат многу светски познати компании кои унапредуваат два од најактуелните технолошки мегатрендови: интелигентна автоматизација и еволуција на метаверзумот. Не е изненадувачки што медицинската технологија ќе биде во фокусот и оваа година. Но, како и секогаш, најраспространети и во центарот на вниманието на настанот се автомобилската технологија и иновативните гаџети.
Над 2000 изложувачи се присутни лично на CES 2022. Но, CTA нуди и дигитална верзија на својот настан, што истиот го прави хибриден. CTA повторно е подготвена да ја собере индустријата на едно место и сите заедно да ја претстават следната генерација на иновации.
Оваа година на CES, на штанд број 9656, ќе бидат претставени најновите IoTуреди и софтвер за следење средства и возила. Иновативната IoT платформаразвиена од Bransys, која ќе биде претставена оваа година на CES, е целосно автоматизирано решение, ќе им овозможува на компаниите без грешки да ја следат целата својата опрема, алати, средства, контејнери и возила. Bransys е единственствена македонска IoT компанија која нуди целосно свои решенија, продукти развиени од домашен тим, од хардвер до софтвер, вклучувајќи и услуги за PCB дизајн и асемблажа за прототип и мали до средни серии. Оваа ѕвезда во подем, дизајнира и развива решенија за IoT, вклучувајќи софтвер и услуги за асемблирање на PCB по највисоки стандарди, со конкурентни цени и со примена во автомобилската индустрија, IoT, паметни градови, во индустриската електроника итн.
Се прашувате кои се најновите технолошки трендови? Не барајте подалеку од CES 2022. Овде ќе најдете над 1900 изложувачи кои прикажуваат врвни светски технолошки иновации. Регистрирајте се денес и придружете ни се на штандот на Bransys 9656 во Лас Вегас за да ги дознаете најновите трендови и Internet-of-Things иновации. Закажете бесплатна демо презентација со нашиот тим експерти на [email protected].
Поврзани артикли