Компанијата LG во новата година претстави нови OLED TV уреди, меѓу кои и најголемиот модел во својата историја.
Поточно, LG ги објави својот најмал и најголем OLED TV со големини од 42 и 97 инчи. Новите модели, помеѓу останатото донесуваат подобрена светлост, multiuser профили и други можности.
Новите ТВ уреди на LG ја користат петтата генерација А9 процесори, поодбра 4К upscaling технологија, подобрено мапирање на тонови и подобро чувство на длабочина кога се работи за објектите во прв план.
Откако LG го претстави својот OLED Evo панел со поголема светлина во G1 серијата, оваа година Evo ќе се најде и во G2 и во помејнстрим C2 серијата. Од компанијата тврдат дека G2 ќе понуди поголема осветленост во однос на C2, благодарение на комбинацијата на booster алгоритмите и подобро одведување на топлината од компонентите на телевизорот.
G2 и C2 телевизорите користат нов материјал на композитни влакна во производството, поради што се значително полесни.
Новите уреди од G и C серијата имаат HDMI 2.1 портови, овозможуваат 120Hz 4K гејминг, варијабилно освежување на сликата, автоматски мод на ниска латенција и друго.
Поврзани артикли