Најновиот член на семејството Galaxy S21 се карактеризира со моќни перформанси, камера со професионален квалитет и совршено поврзување со екосистемот во познатиот елегантен дизајн

Компанијата Samsung Electronics го претстави новиот паметен телефон Galaxy S21 FE 5G од серијата уредиGalaxy S21. Новиот Galaxy S21 FE 5G нуди избрани премиум функции, кои им овозможуваат на корисниците да се изразат уште подобро, да истражуваат и да уживаат во нивната омилена содржина. Galaxy S21 FE 5G доаѓа со некои од најпопуларните карактеристики на серијата паметни телефони Galaxy S21, вклучувајќи впечатлив дизајн, моќни перформанси, професионална камера и совршено поврзување со Samsung екосистемот.

„Ние во Samsung сме фокусирани на воведување на најновите мобилни иновации на што е можно повеќе корисници“, рече ТМ Роу, Претседател и раководител на мобилно искуство (MX) во Samsung Electronics. „Реакциите за Galaxy S20 FE моделот и серијата Galaxy S21 е извонреден. Затоа го применивме истиот пристап кон S21 FE 5G и го опремивме со премиум функции, кои се од големо значење за нашите лојални корисници, со цел да понудиме паметен телефон што ги задоволува нивните најважни потреби.“

Повеќе бои за да го изразите вашиот стил

S21 FE 5G со својот оригинален премиум дизајн се потпира на на серијата Galaxy S21. Сè започнува од уникатната и популарна рамка Contour-Cut меѓу корисниците, која беспрекорно се интегрира со камерите, создавајќи уникатен изглед на уредот. Samsung им нуди на корисниците уште повеќе начини да се изразат со четири модерни бои по сопствен избор – маслинестa, лаванда, бела и графитна, кои доаѓаат со модерен унапреден мат ефект. Благодарение на елегантното и тенко тело од само 7,9 mm, лесно може да се смести во џеб за да одговара на модерниот начин на живот во движење.

Моќни перформанси на дофат

Бидејќи моќните перформанси и екранот се клучни за модерниот живот и постојано поврзување, S21 FE 5G е опремен со најновиот, супербрз Galaxy процесор за апликации – истиот моќен процесор што се користи во серијата S21. Страсните гејмери ​​ќе бидат воодушевени од јасната висококвалитетна графика и квалитетот на сликата на S21 FE 5G, а новото ниво на допир (Touch response rate) од 240 Hz отвора нова димензија на нивните омилени игри благодарение на капацитетите за брзо реагирање. Искуството за играње ќе биде дополнително подобрено со стапка на освежување од 120 Hz, што обезбедува најголема резолуција на AMOLED 2X екранот.

Долготрајната батерија е уште еден клучен приоритет на корисниците кои постојано се во движење, преокупирани со бројни обврски. Батеријата за паметниот телефон Galaxy S21 FE 5G е дизајнирана за целодневна употреба, и е подобрена со можностите за супер брзо полнење од 25 W, така што корисникот може да го полни својот паметен телефон повеќе од 50% за само 30 минути и да ужива во фантастични перформанси со голема брзина .

Омилени фотографии за љубителите на Galaxy

Galaxy S21 е познат по тоа што ја има најдобрата камера во индустријата за паметни телефони, а S21 FE 5G е опремен со истите професионални карактеристики за да ги направи најживописните фотографии во светот. И аматерите и професионалците можат лесно да уредуваат, објавуваат и споделуваат содржина. Има и подобрен ноќен режим во споредба со S20 FE. Корисниците сега можат да ги подобрат снимките со слаба осветленост со пријателите и да добиваат јасни фотографии во темница. И кога сакате сите да бидат на фотографијата, S21 FE 5G го нуди најдоброто селфи искуство на Samsung досега. Користете ја напредната предна камера од 32 MP на S21 FE 5G за висококвалитетни селфи фотографии, а потоа вклучете ја функцијата за подобрување на лицето со вештачка интелигенција да ја создаде најдобрата верзија. Дополнително, благодарение на двојнато снимање, можете да учествувате во настаните пред и зад вас – само почнете да снимате и вашата камера ќе го снима она што го гледа на двата објективи истовремено.

Персонализирано корисничко искуство

Благодарение на интуитивниот кориснички интерфејс One UI 4 на Samsung, можете да го создадете вашето идеално мобилно искуство, приспособено на сите ваши барања со поголема контрола на приватноста. Опремен со побогати опции, поголема контрола на приватноста и подобрени функции, вашиот почетен екран, иконите, известувањата и позадините може да се приспособат како вам ви одговараат. Исто така, S21 FE 5G носи нова контролна табла за контрола на приватноста која ги комбинира безбедноста и контролата на приватноста на едно место, со што искуството на One UI 4 на овој модел е целосно совршено и безбедно.

Достапност

Galaxy S21 FE 5G ќе биде достапен кај операторите од 11 Јануари 2022 година. Достапноста може да зависи од различните пазари.

За повеќе информации за моделот Galaxy S21 FE 5G посетете го линкотhttps://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/galaxy-s21-fe-5g/

 

Спецификација за моделот  Galaxy S21 FE 5G
Екран 6.4’’ FHD+ Dynamic AMOLED 2X екран

Super Smooth 120Hz стапка на освежување

240Hz брзина на одговор на допир во режим на игра

Заштита на очите со контрола на сина светлина базирана на вештачка интелигенција

Безбедност Оптичка, отпечаток од прст
Димензии и тежина 74.5 x 155.7 x 7.9mm, 177g
Камера 12MP ултраширока камера

–        F2.2, FOV 123˚

 

12MP широка камера

–        Dual Pixel AF, OIS, F1.8-FOV (видно поле) 79’’

 

8MP телефото камера

30x зумирање на простор, F2.4-4, FOV (видно поле) 32’’

–        32MP селфи камера

–        F2.2, FOV 80˚

Процесор  

5nm 64-bitа осумјадрен процесор

Меморија

 

8GB RAM со 256GB интерен простор за складирање

6GB RAM со 128GB интерен простор за складирање

Батерија 4,500mAh
Полнење 25W жично

15W безжично

Безжично делење на струја

OS Android 12
Мрежа 2G GSM,3G WCDMA,4G LTE FDD,4G LTE TDD,4G 4×4 MIMO појас,5G Sub6 FDD,5G Sub6 TDD, 5G 4×4 MIMO појас
Плаќања Samsung Pay sa NFC
Сензори Брзинометар, барометар, сензор за отпечатоци, жироскоп, геомагнетски сензор, сензор за простор, сензор за светлина, сензор за близина
Отпорност на вода IP68