Иако пандемијата има тенденција да ги наруши или одложи плановите, како што беше случај со почетокто на новите железници оваа година, следната година, како што пренесува британски гардијан, има уште многу убави дестинации до кои може да се стигне со воз. Имано, нови и многу интересни линии се во погон, или веќе почнаа овој месец.

Некои од нив ќе ѝ дадат уште поголемо значење на Виена, моментално најповрзаниот, со железница, град во Европа. Гардијан направи избор на најдобрите нови линии во железницата во 2022 година.

Ноќен воз од Париз до Виена

Овој месец, австриската О-бе-бе го додаде Париз на листата дестинации. Возот Виена најтџет ќе сообраќа три пати неделно, а самото патување ќе трае меѓу 14 и 15 часа, додека цената на картите во еден правец се движат од 59,90 до 94,90 евра.

Ноќен воз од Амстердам до Цирих

Оваа линија заживеа на 12 декември, возот сообраќа секој ден, а возењето трае 11 часа и 37 минути. Цените на билетите се движат од 59,90 до 99,90 евра. Самата линија поминува по класичната рута низ долината Рајна јужно од Келн.

Од Штутгарт до Виена преку Тирол

Ова не е најбрзата опција, но е преубава кога се работи за пејзажот. Возењето трае речиси 10 часа, возот сообраќа секој ден, а цените се двиќат од 37,90 до 71,90 евра. За оние кои брзаат, подобра опција е да патуваат преку Минхен. Ноќниот воз кој сообраќа на оваа линија се вика Брегензелвад.

Од Љубљана до Будимпешта преку Грац

Линијата која ги поврзува овие два града веќе постои, но оваа нова опција е многу необична и шарена, како што пишува Гардијан. Два пати ја преминува границата на ткн. железна завеса. Рутата трае девет дена, а цените на билетите изнесуваат од 39,40 до 51,90 евра.