Истражувачите на југот од Норвешка пронашле стара викиншка железна стрела, поточно нејзиниот врв, а за ова откритие “виновни“ се климатските промени.

Врвот од стрелата е долг околу 18 центиметри, а покрај него исто така пронајдени се и остатоци од стрели како и едно перо за кое се верува дека било дел од ова оружје.

Тимот на научници кои што работат на истражување и ископување на глечерите, дале Археолошка програма за глечерите во кои досега се откриени над 2.000 предмети во мразот.

Најстариот од предметите има 6.000 години. Меѓу предметите има и разни алати, кожа, облека, но и коски кои што се од животинско потекло.

Археолозите исто така забележале дека климатските промени влијаеле исклучително на глечерите кои што почнуваат да се топат, ослободувајќи ги овие предмети кои што со векови биле заробени таму.

Глечерите ширум Норвешка имаат големи последици од климатските промени. Иако тоа значи дека археолозите ќе откриваат уште многу интересни артефакти, сепак постои и можност преку топењето на мразот истите тие предмети да се уништат.