Американската компанија Apple се подготвува да лансира паметни телефони без физичка поддршка за SIM картичка, објави популарниот веб-сајт за информации од мобилната технологија 9to5mac.

Apple преговара со мобилните оператори во САД, советувајќи ги да се подготват за лансирање на iPhone уреди опремени само со виртуелна SIM картичка (eSIM). Тоа треба да се случи во септември 2022 година со презентирањето на идниот iPhone 14.

Компанијата веројатно ќе претстави iPhone без SIM картичка само за американскиот пазар, како што тоа го направи со стандардот 5G mmWave, кој останува ексклузивен за САД.

Последните неколку генерации на iPhone можат да користат eSIM, што може да се користи заедно со физичка nano SIM картичка. Некои верзии на iPhone за Кина можат да поддржат две физички nano SIM картички.