Научници од Каиро дигитално го „одмотаа“ мумифицираното тело на фараонот Аменхотеп Први, откривајќи интересни детали, пишува Guardian.
Радиологот Сахар Салим, која учествуваше во откривањето на мумијата, изјави дека фараонот имал мал нос, виткана коса и тесна брада. Посебно го нагласи фактот дека при одмотувањето открила дека фараонот и по 3.500 години има фасцинантно добро зачувани заби.
Фараонот Аменхотеп Први до сега беше една од ретките кралски мумии невозможни за одмотување во модерно доба. Салим со нејзиниот тим користела 3Д технологија за скенирање, а резултатите се фасцинантни и освен изгледот го покажуваат и раскошот на накитот со кој фараонот бил погребан.
„Од прилика имал 35 години кога починал. Висок бил 169 сантиметри и имал одлични заби. Во своите омоти носел 30 амајлии и уникатен златен појас со златни бисери“, вели Салим.
Аменхотеп Први бил втор крал од 18 династија и тронот го презел по смртта на татко му Ахмос, размотан во 11 век пред новата ера, тогаш тоа го сториле свештеници за да ја поправат штетата направена од ограбувачи на гробници.
Оригиналната гробница на Аменхотеп Први никогаш не е пронајдена. Откриен е во 1881 година на локалитет во Луксор, каде биле сокриени мумии на кралеви и благородници за да бидат заштитени од ограбувачи на гробници. Моментно се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли