Производителот на руските противвоздушни системи С-300, С-400 и С-500 – воениот концерн „Алмаз Антеј“, ги објави првите фотографии од својот електричен автомобил.

Работниот назив на возилото е Е-НЕВА (E-NEVA). Се работи за кросовер долг 4,5 метри кој со едно полнење може да помине 463 километри. Достигнува максимална брзина од 197 километри на час, а времето потребно за забрзување од нула до 60 километри на час е 2,7 секунди.

Електричниот автомобил е опремен со мултимедијален систем со дигитална инструмент-табла, „хед ап“ дисплеј на ветробранското стакло и екран од 15 инчи чувствителен на допир. Волуменот на багажникот е 610 литри.

Покрај верзија со електричен мотор, „Алмаз Антеј“ ќе направи и хибридни верзии – со мотор на гас или водород.

Извор: Russia Beyond