Како што Apple секоја година воведува нови модели на своите iPhone телефони, така овој технолошки гигант воведува и нова верзија на оперативниот систем за своите телефони. Една од работите кои ги издвојува iPhone или iOS од Android е тоа што новите верзии се достапни во исто време за сите телефони претставени во рок од неколку години.

Со секоја нова верзија доаѓаат и нови опции со кои телефоните добиваат дополнителни функции. Додека некои нови опции се добро познати на сите – како на пример додавање виџети на главниот екран кои се достапни уште од последната генерација на iOS, постојат голем број на помалку познати, но исклучително корисни опции за кои многу корисници не се свесни.

За да ги запознае своите корисници со ваквите опции, Apple објави видео на YouTube со десет корисни совети кои ќе го подобрат искуството за користење на iPhone. Погледнете ги сите совети во приложеното видео подолу.

Извор: Zimo.hr