Xiaomi 12 серијата ќе биде објавена на 28 декември. Серијата ќе ги вклучува Xiaomi 12 и 12 Pro. Меѓу нив, Xiaomi 12 би требало да доаѓа со помал екран кој може да се држи во едната рака, додека Xiaomi 12 Pro е уред што ќе пристигне со еден куп новитети како екран со 2K резолуција и 120Hz интелигентно динамично освежување.
Еден од претставниците на компанијата веќе ги најави Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro преку постер што го видовме претходно, каде јасно се гледаше разликата во големината на овие два модели.
Денеска Еван Блас ги сподели официјалните рендери на Xiaomi 12, кои за прв пат го откриваат дизајнот на задниот дел, заедно со предниот дел на уредот. На предната страна, Xiaomi 12 користи микро-закривен екран со централно поставен отвор за селфи камерата. Уредот изгледа одлично на задната страна, малку поинаков и уникатен, а кожниот заден дел дава дополнителна вредност.
Во горниот лев агол на задната страна се наоѓа поставката за камерата, каде што главниот сензор од 50 мегапиксели зафаќа многу простор над двете вертикално поставени помошни објективи и блицот. Сè на сè, уредот изгледа многу удобно во раката со екран од 6,28 инчи, додека екстремно тесната рамка додава впечаток на удобност при држење.
За време на неодамнешните најави, Xiaomi ги откри карактеристиките на Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro. Официјален претставник изјави дека екраните на Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro се професионално сертифицирани од DisplayMate A+ од глобалната агенција за евалуација на екрани, а тие исто така „соборија 15 нови рекорди“.
Поврзани артикли