Невообичаена сообраќајна несреќа се случила оваа недела во САД, а светот за неа дозна преку Twitter.

Сопственичката на Tesla споделила фотографии од „судирот“ со iPhone на автопат при брзина од 112 km/h

Корисничката на Twitter, Стела Витае, е сопственичка на електричниот автомобил на Тesla и, судејќи по нејзиниот профил, голем обожавател на се што прави Илон Маск. Неделава оваа Американка го возела својот Tesla автомобил по автопат, кога одеднаш на патот ја „изненадил“ – iPhone 13 Pro Max.

Мобилниот телефон очигледно испаднал од некој автомобил (или од џебот на мотоциклист) пред неа. Според она што таа го напишала на Twitter, тој потоа отскокнал од патот и директно се забил во предната решетка на нејзината Тesla. Во тој момент таа возела со 70 милји на час (околу 112 km/h), па мобилниот телефон на Apple, со куќиште од нерѓосувачки челик, се зарил прилично длабоко во маската на Tesla и таму се заглавил оставајќи зад себе оштетувањe како od куршум.

Според нејзиното сведочење, во тие моменти мислела дека собрала парче метал од патот, па застанала на првиот следен полнач за да провери што се случило. Таа веднаш на Twitter објавила многу интересни слики од последиците од овој необичен судир, каде станаа хит.

„Добро што не била Nokia 3310“, е еден од почестите коментари.