Според информациите од Кина, наскоро се очекува тест-производство на новиот модел на iPhone, што му претходи на почетокот на масовното производство на уредот и укажува дека се ближи датумот на пуштање во продажба. Новиот iPhone SE со ова темпо најверојатно ќе се појави во првиот квартал на 2022 година.
Третата генерација на iPhone SE телефонот се очекува да продолжи со сличен дизајн, со физичко Home копче во кое е интегриран Touch ID. Екранот најверојатно ќе остане со дијагонала од 4,7 инчи, но смартфонот би требало да го краси нов A15 процесор, како и подобрени можности на камерата.
iPhone SE е популарен избор за оние кои сакаат помал и покомпактен iPhone, а не сакаат да издвојат пари на значително поскапите Mini модели. Со оглед на тоа што се очекува Mini серијата да изостане од серијата на модели за 2022 година, iPhone SE може дополнително да добие на популарност како потенцијално единствен избор за љубителите на мали телефони. Цената на актуелната iPhone SE серијата на американскиот пазар стартува од 399 долари, па се очекува и новиот модел да дебитира по истата цена.
Поврзани артикли