Истражувачите од Општата болница во Масачусетс, Харвард и Технолошкиот институт во Масачусетс соопштија дека новиот сој на коронавирус омикрон е веројатно позаразен од претходните соеви и е двојно позаразен од моментално доминантниот делта сој во светот, кој наскоро би можел да биде надминат.

Се додава дека сите три вакцини одобрени во САД (на компаниите „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“) сè помалку штитат од омикрон во лабораториски услови, но бустер-дозата сигурно враќа најголем дел од заштитата, објави „Ројтерс“.

Научниците утврдиле дека неутрализирачките тела се слаби или отсутни кога станува збор за омикрон по две дози вакцини, меѓутоа примерок од крв на еден од учесниците во студијата, кој добил и бустер-доза, покажал силна имунолошка отпорност на омикрон.