Sony претстави прототип на својата 8K VR кацига.
Прототип на VR кацига претставена од Sony, ја зголемува верноста на приказот на сликата, го намалува доцнењето, а ќе користи OLED микро дисплеи.
Според она што беше најавено, VR кацигата ќе има намени кои многу го надминуваат гејмингот. Прототипот е развиен од одделот за истражување и развој на Sony.
За време на настанот Sony Technology Day, инженерите на компанијата демонстрираа визуелни подобрувања, кои користат микро дисплеи за двете очи.
Индивидуално, овие дисплеи нудат 4K приказ на сликата, додека комбинирано 8K квалитет.
Имплементирањето на микро дисплеј значи и дека кацигата ќе биде помала и полесна, што ќе го намали притисокот при носењето на главата.
Намалената латенција ветува пофлуидни и пореални движења во текот на користењето на уредот.
Во пратечкото видео, се сугерира дека VR кацигата ќе користи во инженерски цели, медицинска обука и поддршка во производството, но и за забава во живо.
Технологијата не се очекува за PSVR, што значи дека најверојатно нема да им биде достапна на стандардните корисници, барем во почетниот период.