Компанијата Razer во октомври го најави својот контролер наменет за смартфоните кои го користат оперативниот систем Android, а сега овој уред им е достапен на корисниците.

Razer го претстави контролерот наречен Raiju во октомври, заедно со смартфонот Razer Phone 2. Сите кои сакаат да го купат овој контролер, ѕоа можат да го направат преку официјалната интернет страница на оваа компанија по цена од 150 долари.

Контролерот поседува dock за смартфон и овозможува ротирање до 60 степени и уживање во игрите за телефони со користење на контроли на ниво на оние кои имаат контролери за конзоли.

Новиот модел на контролер е всушност адаптирана верзија на Razer контролерот Raiju, наменет за конзолата Sony PlayStation 4. Има четири копчиња кои можат да се подесат, како и специјално копче кое овозможува промена на модовите на поврзување и спарените уреди. Можно е да се поврзе Android смартфон преку Bluetooth или USB-C кабелот, што доаѓа во кутијата, по што можат да се играат различни поддржани игри, меѓу кои се Vaintglory и Lineage 2. Едно полнење на батеријата е доволно за 23 часа играње.