New York Times пишува дека голем број возила на Tesla им дозволуваат на патниците на предните седишта да играат видео игри на централниот инфозабавен екран додека возилото е во движење, по ажурирањето на софтверот ова лето

Системот на патниците им дозволува да играат игрици како „Sky Force Reloaded“, „The Battle of Polytopia: Moonrise“, „Solitaire“… додека Tesla е во движење. Рака на срце, пред да се стартува некоја од игрите, на екранот се прикажува безбедносно предупредување од типот „Пасијанс е игра за секого, но играњето кога автомобилот е во движење е само за патниците“.

Иако играчот на екранот треба да ја избере опцијата дека не вози, се чини дека ништо не го спречува возачот тоа едноставно само да го потврди и да продолжи со играта. Ова го привлекло вниманието на многумина бидејќи податоците од Националната управа за безбедност на САД на автопатиштата покажуваат дека во 2019 година дури 3.142 луѓе загинале во несреќи во кои учествувале расеани возачи.

Како што инфозабавните дисплеи стануваат покомплексни, супервизорите од индустријата предупредуваат на зголемено одвлекување на вниманието на возачот. Со игрите буквално дизајнирани да го привлечат вниманието на играчите, недостатокот на заштитни мерки кои ги спречуваат возачите да играат е голема причина за загриженост.

Иако возилата на Tesla користат напредни помагала за возачот, како што се Autopilot и бета верзија на Full Self Driving, овие системи се дизајнирани да се користат со целосно внимание на возачот. Сепак, веќе има проблеми со нивната употреба бидејќи луѓето погрешно ги разбираат можностите на системот и сопствените одговорности зад воланот.

Други производители на автомобили, како што е Stellantis, исто така имаат инсталирано сложени инфозабавни системи кои можат да репродуцираат, на пример филмови на нив, но, по правило, овие карактеристики се заклучени кога возилото е во движење.

Извор: Додај Гас