Се шпекулира дека Xiaomi ќе ја претстави Xiaomi 12 серијата на 12 декември, но самата компанија не откри многу за тоа освен што го потврди Snapdragon 8 Gen 1 SoC. И додека чекаме повеќе детали за серијата 12 од кинеската компанија, уредот на Xiaomi за кој се верува дека е стандардниот 12 доби 3C сертификат, откривајќи поддршка за полнење од 67 W.
Иако полнењето од 67 W е прилично брзо, и натаму е побавно од Xiaomi 12 Pro, кој се очекува да достигне 120 W.
3C не ни говори ништо повеќе за Xiaomi 12, освен што открива максимална брзина на полнење и 5G поддршка, но доверливиот типстер Digital Chat Station неодамна тврдеше дека паметниот телефон ќе има батерија од 4.500 mAh.
Се очекува дека Xiaomi 12 ќе го покренува MIUI 13, а неодамнешната протечена слика ни покажа и како ќе изгледа задниот панел на смартфонот. Гласините велат дека Xiaomi ќе користи уникатна технологија за обложување за испакнатоста на камерата на телефонот, за да постигне чувство кое е во согласност со финишот на задниот капак.