Samsung Galaxy S11 телефоните, според информациите, ќе имааат систем со голем број камери и сензори, во зависност од моделот. Јужнокорејската компанија прв пат ќе имплементира Laser AF систем, а според информациите на дојавувачот Ice Universe, тоа е малиот круг во долниот десен агол на системот на камери.

Претходно, Samsung се потпираше на Dual Pixel AF системот. Не е познато дали причината за оваа одлука е тоа што 108MP главен сензор можеби нема Dual Pixel AF. ISOCELL Bright HMX сензорот го нема, но не е познато дали ова е сензорот кој Samsung ќе го користи во Galaxy S11 серијата.

Се очекува дека Galaxy S11+ ќе има вкупно пет камери на задната страна, додека моделот Galaxy S11e ќе има „само“ три камери. Се уште не е познат бројот на камери на стандардниот S11 модел.

Според изгледот на малите отвори, се сугерира дека една од дополнителните кај Galaxy S11+ е 3D ToF модулот, додека намената на петттата камера не е позната во овој момент.