Оние кои сакаат да ја видат речиси секоја објава на Instagram платформата, честопати се лишени од содржината на своите омилени креатори. Тоа наскоро би требало да се промени, бидејќи веќе се работи на верзија на feed-от што ќе ги прикажува објавите по хронолошки редослед.
Фотографиите моментно се подредени според она што најчесто го гледа корисникот, така што алгоритам заснован на тие интереси прави редослед што понекогаш нема смисла. Начинот на прикажување се промени во 2016 година и веднаш предизвика незадоволство кај оние кои сакаат јасен, хронолошки редослед.
Instagram моментално користи систем на вешталка интелигенција кој е одговорен за она што се смета за „персонализиран feed“, но методот и понатаму е непопуларен кај голем број корисници. Се случува содржините на едни исти креатори кои корисникот ги лајкува да бидат често на врвот, и на тој начин влегува во маѓепсан круг. Хронолошки подредениот feed може да го реши овој проблем, бидејќи основниот параметар за прикажување ќе биде времето кога е објавен постот.
Директорот на одделот за Instagram, Адам Мосери на 9. декември се појави пред Конгресот на САД, каде меѓу другото, зборуваше и за промените што ги очекуваат корисниците. Покрај промените во feed-от, зборуваше и за безбедноста на децата на социјалнара мрежа. Мосери предложи да се формира комисија која ќе се занимава со безбедноста на најмладите и да определи како треба да се управува со нивните податоци.
Instagram неодамна ја претстави функцијата Take a Break, која треба да го ограничи времето поминато на интернет. Се подготвуваат уште родителски алатки, но сенаторите тврдат дека тоа не е доволно, бидејќи социјалните мрежи веќе создаваат зависност кај најмладите.
Извор: Mondo.rs