Глобалните напади со злонамерен софтвер се зголемени за 151 отсто во првата половина на 2021 година во споредба со 2020 година. Хакерите стануваат поагресивни, соопшти канадската разузнавачка агенција.
Имајќи ги предвид нападите врз здравствените установи и гасоводите во САД, Институтот за безбедност на комуникациите (CSE) соопшти дека обемот и опсегот на сторителите претставуваат безбедносен ризик, како и економски ризик за Канада и нејзините сојузници.
– Операторите кои стојат зад нападите со злонамерен софтвер веројатно ќе станат се поагресивни во нивните цели, вклучително и против основната инфраструктура, се вели во извештајот објавен од Канадскиот центар за кибер безбедност, што е дел од CSE.
Агенцијата исто така соопшти дека имала извештаи за 235 инциденти со злонамерен софтвер против канадски жртви во периодот од 1 јануари до 16 ноември оваа година. Повеќе од половина од жртвите на хакерски напади се обезбедувачи на важна инфраструктура. Во 2021 година, просечната цена за закрепнување од такви инциденти двојно се зголеми на 1,8 милиони долари.
Поврзани артикли