Vivo се подготвува да ја претстави следната верзија на својот Android скин за Кина. Ќе се вика Origin OS Ocean и ќе излезе на 9 декември, како што е веќе познато.

Денес, компанијата објави нов видео тизер за претстојната верзија на оперативниот систем, и како што сугерира неговото име, сè започнува во океанот. Уредно се претставени и новите елементи на дизајнот на корисничкиот интерфејс, па ова не е само празен тизер.

Корисничкиот интерфејс на почетниот екран е посебно нов и освежен во споредба со претходната итерација на Origin OS, и очигледно традиционалното искуство на почетниот екран/launcher на Android сега го нема, и целосно е заменето со интерпретацијата на Vivo.

 

Целокупниот стил на Origin OS Ocean е поедноставен, пожив и поинтересен од порано, донесувајќи уште помодерен изглед. Функциите како што се фотографии, плаќања и потсетници за патувања се поизразено прикажани на заклучениот екран, опкружени со иконата за отпечаток од прст – ова има за цел да им покаже на корисниците дека можат брзо да пристапат до важните функции веднаш по отклучувањето на уредот.

Како и досега, Origin OS најверојатно ќе остане ограничен на Vivo телефоните за кинескиот пазар. Во моментов во тек е внатрешно тестирање за X70 Pro+, X70 Pro, X70, X60 Pro+, X60t Pro+, X60 Pro, X60 Curved Screen Edition, S10 Pro, S10, S9, iQOO 8 Pro, iQOO 8 и iQOO 7.