Компанијата Spotify соопшти дека покренува проект за помош на музичарите, COVID-19 Music Relief, со цел да се собираат сретства за нив во екот на пандемијата со коронавирусот која го запре животот во повеќето држави, што се одрази на економијата.

Овој музички стриминг сервис, кој има околу 124 милиони претплатници, исто така склопи партнерство со непрофитни организации како MusiCares И Help Musicians, добротворни организации за музичарите со седиште во Обединетото Кралство, се вели во соопштението.

Spotify ќе донира сретства на овие здруженија во висина на донациите кои ќе бидат уплатени преку интернет страницата COVID-19 Music Relief, во износ до 10 милиони долари.

Државите ширум светот ги повикуваат своите граѓани да останат дома за да се успори ширењето на пандемијата.

Компанијата, исто така, работи и на одвоен прокет како би им се помогнало на музичарите да соберат сретства од од обожавателите за себе или за други уметници.