Таблет уредите со Android наводно, добиваат засилување со доаѓањето на Android 12L во следните месеци, а Samsung е подготвен за тоа со некои веќе прилично пристојни таблети. Наскоро ќе биде обновена Galaxy Tab S8 серијата, која што протече на нови фотографии.
Долгогодишниот дојавувач @evleaks денеска објави фотографии од триото таблет уреди Galaxy Tab S8 на Samsung, прикажувајќи го дизајнот на секој уред само од предната страна. Понудата го вклучува основниот Galaxy Tab S8, поголемиот Tab S8+ и уште поголемиот и веројатно најмоќниот Galaxy Tab S8 Ultra.
Сепак, нема многу што можеме да научиме само од овие фотографии. Можеме да ги видиме рамките на секој таблет, при што Tab S8 и S8+ имаат рамки со разумна големина што треба да остават простор за пристојно држење на уредот, додека Tab S8 Ultra донесува прилично потенки рамки. Конкретно, тоа значи дека нема простор за камера, што доведува до тоа уредот да усвои релативно мал, но сепак многу присутен засек за нешто што изгледа како пар предни камери.
Samsung Galaxy Tab S8, S8 Plus, and S8 Ultra. pic.twitter.com/tQZNW30Dn1
— Ev (@evleaks) December 6, 2021
Интересно е и тоа што Samsung го користи страничниот сензор за отпечатоци само на еден од своите нови таблет уреди. Како што истакнува познатиот типстер, Tab S8+ користи странично поставен сензор за отпечатоци, при што моделот има издолжено копче за вклучување кое би било компатибилно со тој тип на сензор. Во меѓувреме, Tab S8 и поголемиот S8 Ultra имаат поистакнати копчиња за вклучување/исклучување. Се претпоставува дека овие уреди наместо тоа ќе користат сензори за отпечатоци сместени под екранот, како што беше случај со Galaxy Tab S7 серијата.
Како што стојат работите во моментов, се очекува дека Samsung ќе ја лансира Galaxy Tab S8 серијата на почетокот на следната година.