Motorola следната недела ќе го претстави Moto Edge X30 како прв паметен телефон во светот што го покренува Snapdragon 8 Gen 1. Спецификациите на паметниот телефон сè уште не се детално објавени, но претставник на компанијата сподели фотографија од Moto Edge X30, покажувајќи тенки рамки околу неговиот екран со централно поставен отвор за селфи камерата

Покрај тоа, официјалниот профил на Motorola на Weibo објави кратко видео кое ги открива спецификациите на екранот на Moto Edge X30: стапка на освежување од 144 Hz, HDR10+ сертификат и милијарда бои, пренесува GSM Arena.

 

Motorola не открива ништо за големината и резолуцијата на екранот, но претходните информации тврдеа дека ќе има дијагонала од 6,67 инчи и FullHD+ резолуција. Нешто што го потврди и доверливиот типстер DCS.

Иако Motorola не покажа како изгледа задниот дел на Moto Edge X30, протечените рендери открија дека смартфонот – кој се очекува да биде лансиран како Edge 30 Ultra надвор од Кина – ќе има систем со тројна камера на задниот панел кој се состои од од 50MP примарен сензор (со OIS), 50MP ултраширок и 2MP сензор за длабочина. За селфи и видео повици, ќе има камера од 60 мегапиксели во рамки на отворот, која ќе може да снима 4K видеа.

Moto Edge X30 официјално ќе биде претставен на 9. декември и ќе се продава во Кина од 15 декември, но Motorola не откри кога уредот ќе го има своето глобално деби.