Додека целиот свет се плаши од омикрон, новиот сој на коронавирусот, научниците од Кина влеваат нова надеж тврдејќи дека изолирале антитело што може ефикасно да ги неутрализира сите варијанти на вирусот.

Авторите на студијата, која, според руски РТ, била објавена во вторникот, тврдат дека е докажано оти моноклоналното антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во студиите спроведени на живи организми (хуманизирани глувци), го неутрализира типот на Ковид-19, како и мутациите што предизвикуваат загриженост.