Кинески научници тврдат дека изолирале антитело кое може ефикасно да ги неутрализира сите соеви на коронавирусот.
Во објавена студија, кинески научници од различни институции сугерираат дека можеби имаат решение за пандемијата на COVID-19, пишува RT.
Авторите тврдат дека моноклонското антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во истражувања спроведени на жив организам, се покажало дека неутрализира тип на COVID-19 без мутации, но и на варијантите кои предизвикуваат загриженост. Истражувањата за жив организам се спроведени на глувци.
Научниците исто така забележале дека антителото делува и на мутирана делта варијанта одговорна за смртоносните бранови на инфекција низ светот, откако за првпат се појави во Индија.
35B5 го неутрализира коронавирусот така што целта му е единствениот дел на вирусот кој не се менува во текот на процесот на мутација. Ова антитело покажа ефикасна способност за неутрализација во неколку различни соеви.
Научниците тврдат дека ова откритие може да се искористи за создавање универзална вакцина против коронавирус. Дел од антигенот на кој цели антителото е исто така присутен и во омикрон, забележаа научниците.
Ова истражување би можело да се покаже особено вредно во време кога во светот се шири мутирана варијанта наречена омикрон. Научниците се загрижени дека омикрон би можел да биде отпорен на имунитетот што луѓето го создале по пат на природен или вештачки пат.
Извор: Novosti.rs
Поврзани артикли