Шутира тројки како најдобрите НБА играчи на денешницата, и има за цел да работи на усовршување на движењата и атлетските способности. Не, не зборуваме за некоја нова ѕвезда на НБА лигата, туку за роботот-кошаркар од Toyota кој го носи името „Cue3“.

Cue3 не е човек, туку машина. Има интересно име, висок е 1,85 (без основа, со неа 2,07 метри), има нејасен човечки изглед и е прилично тром. Сепак, станува збор за робот кој е во прва фаза на тестови, а кој покажа дека во него има „иднина“ на кошаркарските терени.

Дизајниран во лабораторија од страна на научниците на производителот на автомобили Toyota, Cue3 засега не трча, не прави странични движења, помалку скокнува и се обидува да се брани. Шутира за три 5 од 8 (на првите тестови), а наскоро ќе добие и нови вештини. Користи сензори поставени на неговото торзо за да ја процени положбата на кошот, истовремено координирајќи го движењето на моторите во рацете и колена.

Тестирањата беа направени пред неколку дена во Фучу, во близина на Токио.