Windows 11 ви нуди временска рамка од само 10 дена за да го промените мислењето за надградбата и да се вратите на Windows 10.
Со оглед на тоа што сè повеќе луѓе мигрираат на Windows 11, добра идеја е да се потсетиме на корисниците дека имаат прилично краток рок да одлучат дали да останат на Windows 11 или да се вратат на претходната верзија на оперативниот систем.
Ситуацијата е значително поинаква од онаа што ја имаме со Windows 10. Оние кои ќе надградат од Windows 7 или 8.1 верзија, добиваат 30 дена да го пробаат оперативниот систем и да се вратат на старата верзија.
Со други зборови, Microsoft го намали периодот на враќање на претходната верзија на оперативниот систем од 30 дена за Windows 10 на само 10 дена за Windows 11.
Значи, ако сте несигурни за мигрирањето на Windows 11 и тесната пробна временска рамка, едно нешто што можете да направите е да направите резервна копија на инсталацијата на Windows 10, пред надградбата.
Извор: B92.net