Рендерите на Samsung Galaxy S22 серијата се појавуваат уште од септември. Тогаш беше откриено дека S22 ќе пристигне со екран од 6,06 инчи, а S22+ со 6,55-инчен дисплеј. Сега се појавија и деталните спецификации на камерите на овие смартфони, кои ни ги донесува Fonearena
Спецификациите на камерите за Samsung Galaxy S22 и S22+ би требало да бидат:
Главна камера: 50MP 1/1,57″ 1um ISOCELL GN5 сензор, f/1,8 отвор на бленда
Ултра-широк агол: 12MP 1/2,55″ 1,4um f/2,2 отвор на бленда
Телефото: 10MP 1/3,94″ 1um f/2,4 отвор на бленда, 3x зум
Предна камера: 10MP 1/3,24″ 1,22um f/f2,2 отвор на бленда
Иако не е споменато, главната и телефото камерите треба да бидат со OIS поддршка.
Врз основа на претходните гласини, Galaxy S22 има димензии 146×70×7,6 мм и тежи 167 грама, што го прави компактен паметен телефон. Galaxy S22+ има димензии од 157,4 x 75,8 x 7,6 mm ~ 9,1 мм (вклучувајќи го и испакнувањето на камерата). Рендерите веќе ни покажаа рамен екран и помали рамки за двата уреда.
Врз основа на претходните гласини, Galaxy S22 доаѓа со батерија од 3700 mAh со брзо полнење од 25W, а S22+ може да има батерија од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење од 45W.
Глобалното лансирање на Samsung S22 серијата се очекува на 8 февруари, а во продажба ќе биде од 18 февруари.