Instagram почна лајф-тест на видеа од 60 секунди во Stories, што ќе значи дека подолгите видеоснимки повеќе нема да се делат на сегменти од 15 секунди и да се репродуцираат во разни рамки.
Опцијата моментално се тестира со мала група корисници, со цел да се обезбеди поголема креативна слобода и интеграција на различните видео опции на апликацијата за да се поедностават нејзините креативни алатки и функции.
Експертот за социјални мрежи, Мет Навара, на својот профил на Твитер објави дека се најавува голема промена во врска со Instagram Stories.
Според Навара, оваа социјална мрежа за споделување фотографии воведува ново времетраење на Instagram Story и тие сега ќе можат да траат до 60 секунди, а подолгите приказни повеќе нема да може да се делат на сегменти.
„Instagram воведува приказни од 60 секунди“, твитна Навара, а објавата брзо почна да се шири на социјалните мрежи. Иако промената сигурно ќе ги воодушеви креаторите на дигитална содржина, многумина веќе ја искритикуваа.
„Боже, едвај ги издржувам и тие 15 секунди“, „Се надевам дека ќе има опција за забрзување“, „Не, ова е предолго, можеби триесет секунди би било идеално“, напишаа твитерџии.