Според најновите информации, наскоро ќе биде претставен првиот телефон со 200MP сензор за камерата.

Samsung го претстави 200MP ISOCELL HP1 сензорот во септември, но сè уште немавме можност да видиме телефон со споменатиот сензор.

Популарниот дојавувач IceUniverse сугерира дека наскоро ќе биде претставен првиот смартфон со камера од 200 MP, а интересно е што тоа нема да биде уред на Samsung.

Според информациите, првиот телефон со овој сензор најверојатно ќе пристигне од производствените погони на Motorola, а набрзо потоа ќе биде најавен и смартфон со камера од 200MP од Xiaomi.

Samsung, пак, ќе чека до 2023 година за да претстави сопствен модел на паметен телефон со камера од 200 мегапиксели.

Дали честа да го имплементира овој сензор ќе му припадне на Galaxy S23 Ultra или некој друг модел на јужнокорејската компанија, останува да се види.