Компанијата Microsoft воведе нови емотикони достапни за оперативниот систем Windows 11.
Станува збор за надградба што решава неколку проблеми со багови, но носи и нови емотикони објавени претходно оваа година. Иако се работи за целосно нов стил, сепак не станува збор за 3D изгледот што Microsoft претходно го вети, туку е понуден 2D изглед.
Новите емотикони подразбираат враќање на Clippy, бидејќи Microsoft го замени стандардниот клип за хартија со знакот Clippy. Емотиконите се редизајнирани за да имаат светли и заситени бои, но немаат 3D ефект со кој би се истакнувале.
Сè уште не е познато дали некогаш ќе ги видиме импресивните 3D емотикони во Windows 11, што Microsoft ги најави претходно оваа година. Недостигот на 3D формат може да биде поврзан со техничките ограничувања на форматот на Micoroft на фонтот во боја, што компанијата го користи за прикажување емотикони во Windows.
Apple користи битмапи за прикажување на своите емотикони, а Microsoft користи векторски формат кој е многу поскалабилен и има предности во големината на фајлот, доколку емотиконите се порамни.