Американската вселенска агенција NASA го одложи лансирањето на својот вселенски телескоп „Џејмс Веб“.
Станува збор за уште едно одложување на лансирањето на телескопот „Џејмс Веб“, овој пат од 18 na 22 декември, а причината е инцидент што се случи додека техничарите се подготвувале да го поврзат телескопот со ракетата Ariane 5. која ќе го однесе во вселената.
„Ненадејното и непланирано олабавување на стегачот што го прицврстува телескопот на ракетниот адаптер предизвика вибрации низ опсерваторијата“, соопшти NASA.
Сега се спроведуваат дополнителни тестови за да се осигура дека телескопот не е оштетен во инцидентот. NASA до крајот на оваа недела ќе објави нови информации поврзани со телескопот.
„Џејмс Веб“ е наследник на вселенскиот телескоп „Хабл“, а неговото лансирање беше одложувано неколку пати. Развојот започна во 1996 година, NASA очекуваше да го лансира во 2007 година, но во 2005 година сè се врати на почеток. Телескопот требаше да биде завршен во 2016 година, но дојде до ново доцнење поради сложеноста на конструкцијата. Конечно беше целосно склопен во 2019 година, но пандемијата на коронавирусот доведе до ново одложување.
Новиот најран рок за лансирање е 22. декември.
Поврзани артикли