Play Store конечно добива нов изглед, а овој пат Google се фокусира на веб верзијата на својата продавница за апликации.
Новиот дизајн е забележан од различни извори и драстично се разликува од претходните дизајни на веб-страницата.
Наместо пренатрпан, квадратен изглед, новата страница имплементира повеќе Material дизајн елементи, со заоблени рабови и го отфрла полето за навигација.
Поставките, управувањето со апликациите и другите елементи сега може да се пронајдат кога ќе се кликне на корисничката фотографија, нешто слично како на мобилната верзија.
На врвот е избор за филтрирање на апликациите по тип на уред, што ќе го олесни пронаоѓањето на она што ви треба за одреден уред.
Генерално, корисничкиот интерфејс изгледа почист и е полесен за навигација.
Новите промени моментно се активни само во неколку земји (Јужна Кореја и Тајван), а промените во дизајнот не се достапни во некои делови од страницата, како што е библиотеката со апликации.
Play Store не доби редизајн со години, па затоа е убаво да се види дека Google конечно и дава помодерен изглед на својата услуга.