Компанијата Samsung работи на развој на нова генерација на телефони на преклоп, а сега од Јужна Кореја пристигнуваат првите детали за нив.
Станува збор за уредите Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4, кои на пазарот ќе пристигнат во 2022 година. Galaxy Fold 4 ќе има подобрена технологија за камера под екранот и ова се однесува и на двете селфи камери, внатрешни и надворешни.
Ќе бидат подобрени и задните камери, но се уште не е познато што тоа прецизно значи. Fold 4 треба да има нова шарка, поради која би требало да биде полесен од претходникот, а се очекува и подобра отпорност на вода и прашина.
Капацитетот на камерата нема многу да се промени во однос на Fold 4, а времето на неговото пристигнување на пазарот би требало да биде многу слично на претходната генерација.
Flip 4 веќе се тестира во форма на прототип со селфи камера под екранот, како и со камера во перфориран засек. Се чини дека Samsung се уште не одлучил која технологија да ја избере во овој случај. Исто така, се размислува за подобрување на шарките како во случајот на Fold 4 моделот.
Flip 4 ќе биде и поотпорен на вода и прашина, а се очекува батеријата да има ист капацитет и големина на екстерниот екран, како кај Flip 3 моделот. Претстојниот Flip 4 треба да биде претставен заедно со Fold 4 во втората половина на 2022 година.