Google и новинската агенција AFP постигнаа договор според кој интернет гигантот ќе плати за онлајн содржините на француската новинска агенција, кои се појавува во пребарувачот.
Извршниот директор на AFP, Фабрис Фрис истакна дека договорот е признание за тоа колку се вредни информациите.
„Договорот со Агенцијата Франс прес ја покажува нашата желба да најдеме заеднички јазик со издавачите и новинските агенции во Франција за прашањето на сродните права“, наведе директорот на Google за Франција.
Договорот е за период од пет години и е прв договор според Европската директива за авторско право и сродни права, во која е вклучена и новинска агенција.
Google првично одбиваше да плати за повторно објавена содржина, но ја загуби тужбата пред Апелациски суд во Париз во октомври 2020 година.