Xiaomi ја демонстрираше новата технологија за брзо полнење и постави светски рекорд во брзини за полнење преку кабел и безжично полнење.

Користејќи модифициран Mi 11 Pro со батерија од 4.000 mAh, Xiaomi вели дека е во состојба да го наполни телефонот за само 8 минути преку 200W кабелски систем наречен HyperCharge или за 15 минути со безжично полнење од 120W.

Брзините на полнење често се бојно поле за кинеските компании за паметни телефони, кои често објавуваат демонстрации на откритија, кои можат или не мораат да се појават во финалните производи. На пример, пред две години, Xiaomi најави систем од 100W, кој батеријата од 4.000 mAh би можел да ја наполни за 17 минути, додека минатогодишниот Mi 10 Ultra се наполни за 23 минути на 120W – иако имаше поголема батерија од 4.500 mAh.

Oppo е уште еден лидер во оваа област, со својата VOOC технологија, која ја сочинува основата на OnePlus системите за брзо полнење Dash и Warp. Минатата година го демонстрираше системот на сила 125W за 4.000 mAh за 20 минути, иако тоа беше повеќе од една гоидна по наводно побрзата најава на Xiaomi од 100W и извонредното моментно водечко Find X3 Pro полнење на „само“ 65W.

Напредокот е секогаш добродојден, а помислата дека ќе ги полниме телефоните во целост за само осум минути секако е привлечна.