Собирањето податоци за вашето движење преку мобилните уреди може да биде прилично практично и корисно. Но, што доколку тоа не го сакате?

Историја на локации (Location History) е поставка што ги следи, снима и складира локациите што ги посетувате додека користите мобилен уред.

За ова да биде возможно, мора да сте најавени на вашиот Google профил со вклучена опција Location History, а на вашиот уред мора да биде вклучена и опцијата Location Reporting. Како да се забрани следењето?

– Најдете ја опцијата Location History во вашиот Google профил.

– Изберете дали вашиот профил или вашите уреди ќе испраќаат информации за историјата на локации до Google.

– Ако сакате целосно да го исклучите вашиот кориснички профил и сите уреди што ги користите, исклучете ја Location History  – најгоре.

– Ако сакате да го правите тоа само за одредени уреди, под This device или Devices на овој профил, вклучете или исклучете го она што ви одговара.

Што ако сакате да избришете сè што досега има собрано Google Maps за вас?

– Отворете ја апликацијата Google Maps на вашиот уред со Android или iOS.

– Кликнете на фотографијата на вашиот профил во горниот десен агол.

– Изберете Your data во Maps.

– Изберете See & Delete activity.

– Кликнете на копчето за мени во горниот десен агол на страницата и изберете Settings.

– Изберете Delete all location history.

Ако воопшто не сакате Google Maps да ве следи, еве што да направите.

– Кликнете на фотографијата на вашиот профил во горниот десен агол.

– Изберете Your data во Maps

– Исклучете ја активацијата на Location history.

– Потврдете како сакате да го паузирате собирањето податоци за историјата на локации.

Извор: B92.net