Витамин Б12 е важен за луѓето постари од 50 години, а во намирниците кои ќе ги наброиме во продолжение го има во изобилие.
Сите знаеме дека здравата исхрана е важна, а можеби не знаете дека после одредени години од животот треба да внесувате повеќе нутриенти кои се адаптирани за вашето тело.
Меѓу нив е и витамин Б12 кој е важен за метаболизмот, произведување на црвени крвни зрнца, ДНК, функцијата на имуниот систем. Секако, витаминот Б12 има важна улога за здравјето на срцето и мозокот.
По 50-та година од животот, способноста телото да апсорбира витамин Б12 полека опаѓа, па важно е да го внесувате повеќе од вообичаено.
Еве во кои намирници го има во изобилие:
– Црвено месо
– Јајца
– Риба и
– Млечни производи.
Експертите предупредуваа дека лицата постари од 50 години кои имаат вегетаријански или вегнски режим на исхрана имаат уште пониско ниво на витамин Б12 во организмот, па особено треба да обрнат внимание доколку се храната на тој начин.