Авиокомпанијата „Боинг“ итно приземји 50 авиони од моделот 737NG ширум светот поради проблеми кај крилјата, јави „Франс прес“.

Раководството на компанијата неодамна призна дека се направени сериозни грешки во врска со безбедноста на некои од моделите на авионите. Директорот Денис Мујленберг завчера пред парламентарниот одбор на САД рече дека компанијата направила сериозни грешки со клучниот безбедносен систем, познат како МЦАС.

„Јас сум одговорен. За време на мојот мандат се случија две несреќи. Се чувствувам одговорно за тоа што се случи“, рекол тој.

Двете несреќи за кои зборуваше се случија во Етиопија и Индонезија каде за помалку од шест месеци паднаа два авиони од моделите „737 макс 8“. Во несреќите загинаа 346 луѓе.