Според неодамна објавениот документ, Samsung планира да го зголеми производството на следната генерација на премиум уредите Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4 следната година.

Поевтиниот и попопуларен Galaxy Z Flip 4 ќе добие значително повеќе простор на производните линии, додека Z Fold 4 ќе остане приближно ист како овогодинешниот Z Fold 3, во однос на бројките.

Според документот, Samsung ќе произведе 6,9 милиони уреди Galaxy Z Flip 4 и 2,9 милиони единици од Z Fold 4. За споредба, Z Flip 3 имаше за цел да произведе 4 милиони единици, додека Z Fold 3 беше 3 милиони. Цената на Z Flip 3 започна од 999 долари во оваа година, што очигледно му помогна на Samsung да ја зголеми продажбата, а веројатно очекува истото да се случи и следната година со понапредната верзија.

Документот открива и колку единици Samsung очекува да продаде од претстојната серија Galaxy S22. Samsung очекува да произведе 14 милиони уреди од Galaxy S22, 8 милиони од Galaxy S22 Plus и 11 милиони премиум уреди од Galaxy S22 Ultra – кои се очекува да изгледаат како уредите од серијата Galaxy Note и да доаѓаат со вградено „S“ пенкало.

Galaxy S21 имаше цел од 10 милиони, 8 милиони од Galaxy S21 Plus и 8 милиони од S21 Ultra. Samsung очекува да продаде повеќе стандардни уреди Galaxy S22 и S22 Plus отколку оваа година, што би можело да има врска со цените и кризата во синџирот на снабдување.

Во извештајот се наведува и дека серијата Galaxy S22 ќе биде објавена на 5-ти јануари на CES, што не е првпат да слушаме за такви гласини. Galaxy S21 FE се очекува да се појави на пазарот некаде во јануари, додека други гласини тврдат дека серијата S22 ќе пристигне некаде во февруари. Тешко е да се предвиди кој е точно во право, но едно е јасно, новите водечки модели доаѓаат на почетокот на следната година.

Извор: Benchmark.rs