Компанијата Google во август објави дека нејзината апликација Maps наменета за уредите со iOS ќе добие темен режим, а тоа и се случи неодамна.
Темниот режим е присутен во многу апликации, а во случајот на Google Maps се активира од главниот интерфејс на iOS апликацијата со допирање на профилната фотографија на горниот десен агол на екранот, со избирање Settings и потоа Dark Mode од секцијата Using Maps. Има три опции, On, Off и Same as device setting.. Третата опција автоматски го активира или деактивира темниот режим во зависност од тоа дали е вклучен на iOS уредот.
Апликацијата за Android уредите доби темен режим на почетокот на оваа година и се активира со притискање на профилната фотографија, потоа Settings, па опцијата Theme, а на крајот се понудени истите три опции како на iOS.