Домашните стартапи кои се во рана фаза на развој, односно веќе имаат продукт (услуга), како и изработена понуда за пласирање на нивните продукти, ќе добијат бесплатна менторска програма развиена од Фонд за иновации и технолошки развој и PwC Северна Македонија.
Главната цел на менторската програма The Catalyst е зајакнување на капацитетите на стартапите на теми и области кои се значајни за секојдневното работење, здобивање со нови знаења и вештини, како и олеснување на пристапот пред потенцијални инвеститори.
„Годинава имавме серија активности со цел трансформација на стартап екосистемот. За нас е од голема важност менторирањето кај претприемачите, преку кое имаат шанса да научат како да се справат со предизвиците во бизнисот, да развијат лидерски вештини и да го унапредат претприемачкиот дух и затоа за активните корисници на ФИТР со години обезбедуваме менторирање од домашни експерти. Развивањето на новата менторска програма The Catalyst е одличен пример за соработка меѓу државна институција и приватниот сектор со цел домашните стартапи да добијат вештини и знаење кои ќе ги направат подготвени за светските пазари “ посочи Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Започнувајќи од проектен менаџмент, како основа за добро раководење, па се до развој на производи, финансии и пристап до инвестиции и подготовка на „pitch decks“, стартапите ќе имаат можност преку интерактивни предавања да се запознаат повеќе со овие тематики. Програмата ќе ја спроведат експерти од PricewaterhouseCoopers (PwC), како и надворешни експерти со долгогодишно искуство во соодветните полиња како нивен придонес кон стартап заедницата и бизнис заедницата генерално.
„Потенцијалот за соработка помеѓу корпорациите и стартапите е огромен. За да функционира оваа соработка, двете страни треба да ја третираат како партнерство, да бидат отворени за учење и да ги прифатат разликите. PwC e голем поддржувач на стартап екосистемот насекаде во светот преку разновидни програми, обуки и овозможување на стартапите да пристапат до разни извори на финансирање. Ни претставува привилегија што ова ќе го овозможиме и тука заедно со ФИТР. The Catalyst програмата е мал дел од нашиот придонес кон стартап заедницата и се надеваме дека ќе помогне стартапите кои ќе учествуваат да добијат вредни информации и „know-how“ со цел нивен и наш понатамошен развој“ изјави Драган Давитков, директор на PwC Северна Македонија.
Предавањата ќе траат од 22.11 до 14 декември годинава, од 18 до 20 часот на платформата Zoom и ќе опфатат 8 различни теми кои се клучни при развојот на еден бизнис:
- Управување со проекти како дневна деловна пракса,
- Развој на производ и управување со животниот циклус на производите,
- Иновации и креативно размислување,
- Управување со таленти / Совети и трикови за човечки ресурси,
- Деловен развој,
- Маркетинг во дигиталната ера & Однесување на потрошувачи (клиенти),
- Финансиски менаџмент,
- Како да се подготвите за одличен „pitch“?
Сите заинтересирани за програмата ќе можат да најдат повеќе инфо и да се пријават од 9.11 до 18.11.2021 до 14ч на следниот линк: https://fitr.mk/менторска-програма-за-early-stage-стартапи/ . Поради ограничениот број на учесници пријавувањето ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен