Со големо задоволство ја најавуваме и  поддржуваме позитивната енергија на овогодинешниот  значаен WIZZ Air Skopje Marathon! 

Компанијата Аутомотив Груп  е верен поддржувач на спортот и спортските активности како и пријател на најзначајните настани кои се одржуваат во нашата држава.

Официјалниот импортер на брендот RENAULT гордо го претставува најпродаваниот модел во својата класа во Франција и Европа – RENAULT CAPTUR како официјално возило на WIZZ Air Skopje Marathon 2020. 

Новиот модел на RENAULT со сите свои карактеристики на спортски теренец, атлетски профил и софистициран ентериер совршено прилега на овој настан. 

  • Повеќе од 90 комбинации на надворешен изглед;
  • 18 конфигурации на ентериер;
  • Најнова технологија за подобрување на возачкото доживување;
  • Без компромис во загрозување на безбедноста – со освоени 5 ѕвезди според тестовите  на EURO NCAP 

CAPTUR е сè што ви треба. 

Како пријател на овогодинешниот маратон и со надеж за долгогодишна идна соработка им посакуваме успешна трка на сите учесници со целосно почитување на мерките за заштита и правилата на протоколот посочена од страна на организаторот.