Компанијата Huawei се подготвува во февруари да претстави нова генерација мобилни телефони на преклопување.

Новите информации велат дека во февруари 2022 година Huawei ќе претстави нов флексибилен смартфон заедно со предводникот на Mate 50 серијата.

Компанијата моментно тестира сензори за отпечатоци сместени под екранот, како и OLED екран за следната генерација на прреклопните телефони.

Се очекува телефонот да има POL-LESS OLED технологија од Samsung Display, поради што екранот треба да биде 20 до 30 проценти посветол.

Засега Huawei во понудата на мобилни телефони на преклоп ги нуди Mate X, Mate Xs и Mate X2.

Покрај нив, компанијата развива и мобилен телефон кој се преклопува навнатре, а тој уред ќе се најде на пазарот до крајот на оваа година. Моделот е дизајниран како и Galaxy Fold на Samsung и Galaxy Z Fold 2.