Иако од објавата на Oppo Reno6 серијата телефони во Кина помина речиси еден месец, немаше информации за глобалната достапност на уредот.

Сега пристигнуваат извештаи дека Oppo Reno6 Pro 5G ќе биде објавен во Индија кон средината на јули. Ако ова се испостави како точно, телефонот може да се очекува и на другите пазари во сличен период.

Моментно нема официјална потведа дали глобалниот Oppo Reno6 Pro 5G ќе биде истиот модел што е објавен во Кина, или ќе претрпи некои измени во дизајнот и хардверските спецификации.

Oppo Reno6 Pro 5G го краси 6,55-инчен FHD+ OLED дисплеј со освежување на екранот од 90Hz и HDR10+ поддршка, MediaTek Dimensity 1100 чипсет, главна камера od 64MP, селфи камера од 32MP и батерија од 4500mAh со поддршка за 65W SuperVOOC 2.0 брзо полнење.