Honor оваа година ја најави Honor 50 серијата која ги вклучува Honor 50, Honor 50 Pro и Honor 50 SE смартфоните, а сега, според познатиот блогер на Weibo, се очекува Honor 60 серијата да излезе до крајот на оваа година.

Блогерот истакна дека од независноста на Huawei, различните линии на Honor производи го забрзуваат закрепнувањето, а Honor Digital серијата по независноста цели на карактеристики на производи слични на серијата Huawei Nova и е наменета за модерни млади луѓе.

Од истата причина, Honor постепено ќе ја прилагодува фреквенцијата на ажурирање од две генерации годишно, што значи дека Honor 60 серијата навистина би можела да се појави пред крајот на годината. Во исто време, друг извор на Weibo дури i тврди дека серијата Honor 60 ќе биде лансирана на 1. декември оваа година!

Претходно беше откриено дека Honor 60 има засек во горниот лев агол за селфи фотографии, како и четири главни камери на задниот дел од телефонот, додека Honor 60 Pro има централен перфориран закривен екран со модул за задна леќа што се чини дека вклучува пет камери. Honor 60 се очекува да биде опремен и со новиот Snapdragon чипсет.